Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Кај фудбалерите се врати насмевката, но Зинедин Зидан не зборува со никого по дебаклот против Алкојано

Реал Мадрид се подготвува за дуелот со Алавес, по катастрофата доживеана пред два дена и елиминацијата во Купот на Кралот од третолигашот Алкојано. Атмосферата на тренинзите е подобрена, насмевката кај фудбалерите се врати, но новинарот од угледната емисија „El Chiringuito de Jugones“ тврди дека Зинедин Зидан не зборува со никој.

Според последните информации, раководството на Реал Мадрид иако размислувало веднаш да му даде отказ на Зинедин Зидан, сепак процениле дека такво нешто нема да смени многу, па веројатно Французинот ќе остане на клупата на тимот до крајот на сезоната.