Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Како Ибрахимовиќ во судиско продолжение го спаси Милан од пораз

Милан одигра 1:1 на гостувањето кај Удинезе, со што им даде можност на Интер и Наполи, доколку денеска победат против своите противници, да го симнат од лидерската позиција. „Росонерите“ одиграа слаб меч, а речиси и да немаа сериозна шанса до голот на Ибрахимовиќ.

Удинезе прв поведе со голот на Бето во 17-та минута. Домаќините играа подобро, создаваа шанси, но сепак казната стигна во втората минута од судиското продолжение, кога Ибрахимовиќ во негов стигл најдобро се снајде во казнениот простор на гостите и погоди за спас на Милан.

Сега Милан има 39 бодови на првото место, два повеќе од Интер и три од Наполи, кои имаат и меч помалку. Интер вечерва игра со Каљари на домашен терен, додека Наполи е домаќин на Емполи.