Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Како Интер „клекна“ пред „своите“ играчи? Конте вели, среќата им го свртела грбот

Интер пропушти шанса, иако беше голем фаворит, да слави против Сампдорија и вечерва да го чека исходот од дербито Милан – Јувентус. Сепак, тимот на Антонио Конте се „сопна“ на гостувањето кај Сампдорија. Загуби со 2:1, а стрелци на двата гола беа поранешни фудбалери на Интер. Првиот беше дело на Антонио Кандрева од пенал, а вториот на Кеита Балде по една контра. Првиот на почетокот на оваа сезона замина од Интер, додека вториот минатата.

Претходно Алексис Санчез промаши пенал, па голот на Де Фрај не беше доволен за нешто повеќе освен ублажување на поразот.

Антонио Конте по мечот изјави дека среќата ги напуштила.

-Заслуживме повеќе, среќата ни го сврте грбот, ова беше чуден натпревар, изјави Конте.