Фудбал
ВИДЕО: Како Рома за само 45 минути ја „згази“ Болоња и ја наполни нивната мрежа
Спектакуларни 45 минути одиграа фудбалерите на Рома. За само едно полувреме постигнаа пет голови и ја „згазија“ Болоња со 5:1 на гостински терен. Пиоли автогол во 5-та минута, Џеко 10-та, Пелегрини 15-та, Верету 35-та и Мхтаријан во 44-та, вака „паѓаа“ головите во мрежата на домашниот тим.
Единствениот гол за Болоња беше автогол на Кристанте во 24-та минута. Со оваа победа Рома ќе го задржи петото место барем до вечерва со 21 бод, додека шестопласираниот Јувентус не го одигра својот меч против Џенова.
Standings provided by SofaScore LiveScore