Фудбал
ВИДЕО: Каков шок за Гвардиола и неговите момци, Саутемптон им ја прекина неверојатната серија
Фудбалерите на Манчестер Сити освоија само бод вечерва на гостувањето кај Саутемптон (1:1) во натпреварот од 23. коло на Премиершип.
Граѓаните со многу мака успеаја да освојат бод против Саутемптон со што ја прекинаа нивната неверојатна серија од 12 последователни победи во првенството.
Саутемптон одлично го отвори натпреварот и веќе во седмата минута успеа да поведе со 1:0 кога Вокер-Петерс постигна одличен гол за 1:0.
Сити потоа почна да израмнува, а најдобрата шанса оваа екипа ја имаше во 39. минута кога Стерлинг од неколку метри шутираше директно кон домашниот голман.
Сити имаше нова шанса во 48. минута. Овојпат Родри имаше одличен удар од врвот на шеснаесетникот, но голманот повторно го спаси Саутемптон.
Но, Сити израмни во 65. минута. По центаршутот на Де Брујн, Лапорте беше највисок во шеснаесетникот, совладувајќи го домашниот голман со 1:1.
Сити на сите начини се обидуваше да го добие овој натпревар, но домашните ја сочуваа мрежата и освоија бод. Граѓаните останаа први со 57 бодови, додека Саутемптон е на 12. место со 25 бодови.