Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Каква драма, судијата му “украде” победа на Милан, а потоа следуваше шок од Специја во 95-та минута

Каква само драма се случуваше вечерва на Сан Сиро. Милан загуби од Специја со 1:2, а да не беше големата грешка на судијата, резултатот ќе беше сосема поинаков. Да одиме со ред.

Милан доминираше, беше подобар, но во 45-та минута Хернанес не реализираше пенал. Сепак минута подоцна Леао носи водство на домаќините од 1:0.

Во вториот дел, иако Милан напаѓаше, Специја успева да израмни преку Агудело во 64 минута, кој во игра влезе пет минути прртходно.

Следуваше опсада по голот на гостите и шокантно судиско надополнување. Имено, Милан беше во напад, Ребиќ беше фаулиран, но топката стигнува до Месиас кој ја тресе мрежата на Специја. Но, секунда пред шутот на Месиас, судијата наместо да остави акцијата да заврши досуди прекршок за Милан. Голема грешка која предизвика бурни реакции од играчите на Милан, а Ребиќ дури и го фати судијата за главата, кој попусто се извинуваше. Ибрахимовиќ шутираше од прекин, голманот на гостите брани. По корнерот нова шанса, пречката ја спасува Специја. Потоа следува шок за Милан. Напад на гостите, во 95-та минута Калиненко го проигрува Гјасер кој погодува за 2:1 за Специја. Милан сега останува на минус два бода од Интер кој ома 50, а и натпревар поналку оној против Болоња кој не се одигра поради коронавирус и се уште не е познато кога ќе се игра.

Видеото од головите и шансите на следниот ЛИНК.