Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Какво фуриозно полувреме на Јунајтед, губеше со 2:0, но победи, до кога Роналдо ќе го спасува Солскјер?!

Какво само фуриозно второ полувреме одигра Манчестер Јунајтед. Откако доживеа шок во првите 45 минути во пресметката со Аталанта и имаше негатива од 2:0, на крајот славеше со 3:2. Пашалиќ во 15-та, Демирал во 29-та минута донесоа големо водство за италијанскиот тим на „Олд Трафорд“. Иако Манчестер Јунајтед имаше неколку добри шанси во првиот дел, сепак не успеаја да ја затресат мрежата на тимот од Бергамо.

Но, во вториот дел фуриозна игра на Јунајтед. Рашворд во 53-та минута постигна гол и ја врати неизвесноста. По 2:1, англискиот тим тргна уште посилно во нападот и цело време напаѓаше, но за нов гол се чекаше до 75-та минута кога погоди Мегваер.

Спасител на Јунајтед и Солскјер повторно е Роналдо кој погоди во 81-та минута за целосен пресврт и победа од 3:2. Роналдо истото го направи против Виљареал кога во судиското продолжение погоди за победа од 2:1. Манчестер Јунајтед сега е прв во групата со 6 бодови, следува Аталанта со 4, колку и Виљареал, а Јанг Бојс е последен со 3 бодови.

РЕЗУЛТАТИ, ЛШ, 3.КОЛО

ГРУПА Е

БАРСЕЛОНА – ДИНАМО КИЕВ 1:0

БЕНФИКА – БАЕРН МИНХЕН 0:4

ГРУПА Ф

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – АТАЛАНТА 3:2

ЈАНГ БОЈС – ВИЉАРЕАЛ 1:4

ГРУПА Г

ЛИЛ – СЕВИЉА 0:0

САЛЦБУРГ – ВОЛФСБУРГ 3:1

ГРУПА Х

ЧЕЛЗИ – МАЛМЕ 4:0

ЗЕНИТ – ЈУВЕНТУС 0:1

Реклама

Facebook

Реклама