Фудбал
ВИДЕО: Кандрева направи нешто што може да му позавидат Меси и Роналдо
Фудбалерите се чини дека со нетрпение го очекуваат датумот кога ќе биде продолжена сезоната. Тоа се уште поради коронавирусот е непознато, а во Италија се уште се во изолација.
Се обидуваат во домашна атмосфера колку толку да останат во форма. Интересно видео сними Антонио Кандрева, фудбалер на Интер.
Тој на лента за трчање жонглираше со топка, а се покажа доста умешен во тоа. Може да му позавидат и делеку поголемите фудбалски мајстори од него како што се Лионел Меси и Кристијано Роналдо.