Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Карлеуша ги испровоцира швајцарските играчи: Тие се измама, не се Швајцарци, туку Албанци

Репрезентацијата на Србија во петок ќе го одигра натпреварот од второто коло од групната фаза на Светското првенство, против селекцијата на Швајцарија.

 

За овој натпревар се зборува веќе со денови и јасно е дека ќе биде голем судир. Сè започна со изјавите на швајцарски играчи кои потекнуваат од Албанија, но не останаа ништо подолу и играчите на Србија. Исто така, сопругата на Душко Тошиќ, Јелена Карлеша, на свој начин “ги потбуцна” Швајцареците.

“Душко ќе даде 300 проценти од себе, бидејќи тој ја сака неговата земја. Конечно, Србија ќе го признае, сите  нив, на вистински начин. Сигурна сум дека Швајцарците се еден вид на измама, односно тие не се Швајцарци, тие се Албанци. Мислам дека имаме подобри шанси, а исто така имам добро чувство што се однесува на Бразил “, рече Карлеуша.

Таа, исто така, се осврна и на фактот дека англиските коментатори не можат точно да го изговорат името на нејзиниот сопруг и наместо “Душко Тошиќ” го нарече “Диско Колбас”.

“Тој за мене е вистински “sosage”. Искрено ќе ви кажам јас можам да бидам диско, но тој дефинитивно е “sosage”, додаде Карлеуша.
 

Advertisement

ФОТО

More in Фудбал