Тајмаут
ВИДЕО: Ќерката на легендарниот фудбалер на Реал ја збесна Шпанија
Ќерката на легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, Гути, ја збесна Шпанија со нејзината роденденска прослава. Таа наполни 20 години, а на забавата покрани голем број на луѓе, каде секако беа прекршени сите можни правила воведени поради пандемијата со коронавирусот.
Таа и пријателите лудувале до раните утрински часови, а голем број на видеа од забавата завршија на социјалнте мрежи. Наместо роденденски честитки, Зајра Гутиерес доби критики за забавата во време на коронавирус.
Секако мерките во Шпанија се на ниво на закон и таа може да сноси и последици и да има проблеми со законот.
Ayer, Zaya Gutiérrez, hija de Guti y Arancha de Benito, celebraba su cumpleaños tal que así. pic.twitter.com/KkYSedqJrC
— Miguel Frigenti (@MiguelFrigenti) December 20, 2020