Фудбал
ВИДЕО: Кикс на Баерн Минхен, седум голови во Франкфурт
Лидерот Баерн Минхен приреди уште едно разочарување на своите навивачи откако со изменет состав одигра 1:1 со Унион Берлин. Мусиала му донесе предност на Баерн, но гостите од Берлин во самата завршница стигнаа до бод откако резервистот Ингвартсен постигна гол за 1:1 во 86-та.
Киксот на Баерн го искористи Лајпциг го славеше со убедливи 4:1 против Вердер и се доближи на пет бодови негатива во однос на лидерот на шест кола до крајот на сезоната. Олмо и Сабицер постигнаа по еден, а Солрот два за гостите. Рашица од пенал постигна почесен погодок за Вердер.
Најефикасен меч одиграа Ајнтрахт Франкфурт и Волфсбург. Домаќините славеа со 4:2. Камада, Јовиќ, Силва и Дурм стрелаа за домаќините, а за гостите Баку, Вегхорст и автогол на Туте.
Мечот помеѓу Херта и Менхенгладбах заврши 2:2.
БАЕРН МИНХЕН – УНИОН БЕРЛИН 1:1
ВЕРДЕР – ЛАЈПЦИГ 1:4
АЈНТРАХТ ФРАНКФУРТ – ВОЛФСБУРГ 4:3
ХЕРТА – БОРУСИЈА МЕНХЕНГЛАДБАХ 2:2