Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Кога ќе „полуди“ најавувачот на Интер, по голот на Ериксен

Интер преку пресврт во вторникот го совлада Милан со 2:1 во четвртфиналето во Купот на Италија. Стрелец на победничкиот гол беше Кристијан Ериксен кој влезе од клупата за резервни играчи, а потоа во 98-ма минута погоди од слободен удар на мајсторски начин. Со оглед на тоа дека малку игра во Интер, па и ретко постигнува голови, овој погодок беше бурно прославен од неговите соиграчи.

Но, хит на социјалните мрежи е официјалниот најавувач на мечевите на Интер, кој практично „полуде“ по голот на Данецот.