Фудбал
ВИДЕО: Кога победува Ливерпул „дели“ 4 парчиња
Ливерпул на „Енфилд“ го совлада Саутемптон со 4-0.
По 93 секунди игра Диого Жота ги доведе домашните во водство. Истиот играч во 32. минута зголеми на 2:0.
До полувремето домашните постигнаа уште еден гол, а стрелец беше Тиаго
Ливерпул го намали темпото во вториот дел од натпреварот, па постигна „само“ еден гол. Стрелец во 52. минута беше Ван Дијк.
Инаку и во претходното коло Ливерпул со идентични 4:0 го победи Арсенал.
Англиска Премиер лига, 13. коло:
Арсенал – Њукасл 2:0
Ливерпул – Саутемптон 4: 0
Кристал Палас – Астон Вила 1: 2
Норвич Сити Вулверхемптон 0:0.
Брајтон – Лидс (18:30 ч.)