Фудбал
ВИДЕО: Кој ако не Икарди? Аргентинецот во 90+ му донесе победа на Интер
На „Џузепе Меаца“ беше одигран 222. Derby della Madonnina во кое Интер славеше победа над Милан со резултат од 1:0 благодарение на голот на Мауро Икарди во втората минута од судиското надополнување.
Интер во поголем дел од средбата беше подобар, но голманот на Милан Донарума беше несовладлив се до последен момент кога направи голема грешка и му овозможи на ривалот да дојде до сите три бода.
Првата шанса на натпреварот се случи во 13. минута, кога Мауро Икарди ја затресе мрежата на Милан, но залудно се радуваше на натпреварот затоа што голот беше поништен. Во 34. минута, Интер ја погоди и пречката по обидот на Матиас Весино.
Во 41. минута Мауро Икарди пропушти одлична шанса за Интер, а потоа во наредниот напад беше пониште уште еден гол, но овој пат на Милан. Стрелец беше Матео Мусакио, но од очигледен офсајд.
Првото полувреме до некаде ги задоволи апетитите на неутралните љубители на фудбалот и сите на стадионот, а тоа не може да се каже за другите 45 минути кои поминаа во прилично досадна и сиромашна атмосфера во која двете екипи се сконцентрираа на чување на сопствениот гол. Можеби наголемата шанса беше забележана во 58. минута, кога Матео Политано шутираше покрај голот.
Кога се очекуваше последниот судиски свиреж, Интер дојде до голема победа. Донарума има доста лошо истрчување, а топката дојде до Икарди кој со глава погодува за три бода.
Интер сега е на третото место на табелата, додека Милан се наоѓа на скромното 12. место.