Фудбал
ВИДЕО: Кој е Дитмар Хоп и зошто го мразат навивачите во Германија?!
Човекот кој е сопственик на малиот клуб од Хофенхаим, цело кое има 3.272 жители и кое припаѓа на општината Синшајм, е најголем противник на навивачите во Германија.
Тој е толку омразен што на транспаренти може да се види негова глава како мета на снајпер речиси на секој меч во Бундеслигата.
Дитмар Хоп е успешен бизнисмен кој има 79 години. Тој е основач и поранешен сопственик на САП компанијата која пред неколку години стана трета најголема светска ИТ компанија по Мајкрософт и Оракле. Во 2003-та се повлече од компанијата, но и натаму има 5,52 отсто акции. Тој е еден од најбогатите Германци.
Mit Ansage. #H96 pic.twitter.com/qshS1n24Ir
— ?????????? (@Adlershofer1892) March 2, 2020
Во 1995 година ја основаше фондацијата „Дитмар Хоп“ која во хуманитарни акции, првенствено во спортот, медицината, едукацијата, донираше околу 600 милиони евра.
Во центарот на вниманието Хоп дојде поради фудбалот и Хофенхајм за кого некогаш играше. Тој многу вложи во клубот и од „селска“ лига, односно осмиот ранг го однесе до третиот ранг во периодот од 1990-та до 2001.
Потоа со големи вложувања успеа да направи супер екипа за пласман во Бундеслигата постепено.
The day that German football changed forever?#TSGFCB #Bundesliga pic.twitter.com/ggoxj12AaZ
— DW Sports (@dw_sports) February 29, 2020
Но, зошто навивачите се против него?
Па, тие сметаат дека спортскиот успех го купил со пари. Една од причините е тоа што успеал да го избегне правилото 50+1. Правило кое е направено да спречи еден човек да биде мнозински сопственик на клубот. Поради тоа најмалку 50 отсто акции плус една треба да биде во сопственост на членовите (навивачите) на клубот. Ова секако не важи за клубовите кои се основани од страна на одредени компании.
More banners in the Bundesliga today…
This time the Union Berlin ? Wolfsburg match has been stopped due to a banner in the home end.
Protests against the German Football Association and Dietmar Hopp continue… pic.twitter.com/oEnwBdfctu
— Football on BT Sport (@btsportfootball) March 1, 2020
Но, Хофенхајм 96 отсто е во сопственост на Хоп. Токму тоа е она што им пречи на навивачите. Стравуваат дека може да се појават и други клубови како Хофенхајм, но и Лајпциг кој од неодамна стана такво нешто и традиционалните клубови би моежеле да паднат во втор план, односно да бидат уништени.
Протестите ги почнаа навивачите на Борусија Дортмунд во 2008-ма година, а во 2011-та на трибините се појави негова фотографија како мета на снајпер. Протестите продолжија и викендов од навивачите на Баерн поради што неколку пати беше прекинуван мечот со Хофенхајм.