Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Кој е овој Наполи, страшен Наполи!

Седум меча, седум победи во новата сезона, со гол разлика 18:3. Некој нов, страшен Наполи. Вечерва тимот на Лучиано Спалети славеше на гостувањето кај силната и незгодна Фиорентина со 2:1 со што забележа максимален учинок и 21 бод по првите седум кола. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во игра влезе во второто полувреме, односно во 57-та минута. Претходно неговиот тим ја заврши работата.

Форентина поведе со голот на Мартинез во 28-а минута. Десет минути подоцна Инсиње не реализираше пенал, но грешката ја поправи Лозано кој ја смести топката во мрежата на домашниот тим за 1:1. Во 50-та минута Рахмани погоди за 2:1 и целосен пресврт. Овој резултат остана до крајот на мечот.