Фудбал
ВИДЕО: Колку беше значајна победата во дербито покажува кога Чави влезе во соблекувалната
Во големото дерби, Барселона вчера на домашен терен го победи Атлетико Мадрид по пресврт со 4:2. Каталонците одиграа одличен натпревар пред своите навивачи и успеаја да стигнат до многу важни три бода во борбата за позицијата која води во Лигата на шампионите на крајот од сезоната.
Барселона губеше со 1-0 во осмата минута, но Каталонците набрзо потоа стигнаа до пресврт и на крајот успеаја да победат со 4-2.
Оваа победа им значеше многу на играчите на Барселона, но најмногу на тренерот Чави, кој конечно успеа да покаже каков фудбал очекува од своите играчи.
По натпреварот Чави беше многу горд на играта на својот тим, па насмеан влезе во соблекувалната и му честиташе на секој играч за победата што успеаја да ја постигнат против лутиот ривал.
“Ајде, одиме момци! На пат сме, сега никој нема да не запре!”, изјави Чави по влегувањето во соблекувалната.
Unquestionably the best video you'll see today pic.twitter.com/ZmqirrgGe9
— FC Barcelona (@FCBarcelona) February 6, 2022