Connect with us

Фудбал

ВИДЕО Контроверзии и националистички испади го обележаа дербито: Шкендија против Вардар во сенка на меѓуетничките тензии

Непостојаните критериуми во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) повторно се очигледни. Сцената каде Вардар беше симболично „погребан“, отсуството на македонското знаме, како и инцидентот каде играч на Вардар беше погоден со тврд предмет, не добија адекватен одговор од официјалните лица на натпреварот.

Вниманието во дербито меѓу Шкендија и Вардар не беше насочено кон спортскиот успех на Шкендија, туку кон провокативното и националистичко однесување на „Балистите“, поддржувачите на Шкендија.

Особено навредлив беше моментот кога Балистите извршија симболично „погребување“ на Вардар со ковчег, акт на кој ниту судиите, ниту делегатот на мечот не покажаа реакција, оставајќи го чувството на несправедливост непроменето.

Advertisement