Фудбал
ВИДЕО: Косата на Мурињо уште повеќе ќе обелее, нов шок за Рома
По шокантниот проаз од Бодо Глимт од 6:1, Рома на Жозе Мурињо победи само против Каљари. Загуби од Милан, одигра нерешено со Наполи и Бодо Глим на втората пресметка од конференциската лига на УЕФА, а денеска нов шок на гостувањето кај Венеција.
Загуби со 3:2, иако водеше со 2:1. За волја на вистината Венеција поведе по три минути игра со голот на Калдара. Рома возврати со два брзи голови преку Схомуродов и Абрахам во 43-та односно 45-та минута.
Сепак, во вториот дел шок за Мурињо и Рома. Араму 65-та и Окереке 74-та погодија за Венеција за пресврт и победа од 3:2. Рома е 5-та со 19 бодови, а Венеција е на 14-то место со 12 бодови.