Фудбал
ВИДЕО: „Кралевите“ наполнија 118 години, клубот без кој фудбалот не би бил ист
Реал Мадрид денеска наполни 118 години. Тоа е еден од најголемите клубови во историјата на фудбалската игра. Тоа е најтрофејниот клуб во ЛШ. Низ оваа екипа поминале многу ѕвезди, големи имиња, играчки, но и тренерски. Овој клуб има неверојатни 23 европски титули. Основан е во 1902 година и од тогаш е во самиот врв на светскиот фудбал.