Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: „Кралевите“ сепак владеат во Мадрид, Барселона се „поклони“

Голема победа на Реал Мадрид во „Ел Класико“. На домашен терен ја совладаа Барселона со 2:0 и го преземаа првото место токму од нивниот вечерашен ривал. Првиот дел заврши без голови иако имаше неколку возбудливи моменти пред двата гола.

Најголеми шанси имаа Гризман и Меси во првиот дел, но не погодија од позиции од кои обично не грешат.

Брзо, динамично, со шанси, голема борба, се играше и во второто полувреме. Сепак за погодок се чекаше до 71 минута кога погоди тинејџерот Жуниор Винисиус, за волја на вистината со мала помош од Пике, кој ја допре топката при неговиот шут.

Барселона целосно е „нокаутирана“ во втората минута од судиското продолжение и тоа од „резервистот“ Мариано Диаз. Тој во игра влезе на местото на Бензема во 90+1 минута, а во 90+2 минута од контра стави точка на мечот.

Standings provided by Sofascore LiveScore