Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Кристијано Роналдо не е најдобриот на сите времиња, му фалат уште 62 голови, се огласи Фудбалската федерација на Чешка

Published

on

Со голот против Наполи во Суперкупот, Кристијано Роналдо стигна до 760 погодоци во својата кариера, а со тоа стана најдобриот голгетер во историјата. Го надмина Јозеф Бицан, зад чие име се запишани 759 погодоци.

Но, титулата најдобриот голгетер на сите времиња денеска е оспорена. Се јавија од Фудбалската федерација на Чешка од каде велат дека нивниот Комитет за историја и статистика изборил 821 погодок на Јозеф Бицан. Па, според ова на Португалецот му се потребни уште 62 погодоци за да го надмине Бицан.

 ФИФА во септември минатата година имаше напис за Јозеф Бицан и во него пишува дека постигнал 805 погодока во периодот од 1931 до 1955, и дека до оваа бројка стигнал на 530 натпревари, или во просек давал по 1,52 погодока на натпревар, статистика каква што нема ниту Кристијано Роналдо, ниту Лео Меси ниту пак некој друг.


 

Advertisement

Facebook