Фудбал
ВИДЕО: Ла Лига добива нов член
Хуеска со победата од 0:2 против Луга во 40. коло на Сегунда обезбеди место во друштвото од најдобрите екипи во Шпанија, два круга пред крајот на шампионатот.
Головите за историски пласман во Ла Лига на овој тим ги постигнаа Галарате во 6. и Пулидо во 38. минута од натпреварот, а на крајот на натпреварот имаше огромна прослава меѓу играчите, но и навивачите на овој клуб.

Хуеска е основана во 1960 година. Досега тие никогаш не успеале да се најдат во друштво на најдобрите тимови во Шпанија, но во наредната сезона тие конечно ќе имаат шанса да се докажат меѓу големите момчиња.
Две кола пред крајот на Сегунда, Рајо Ваљекано треба да победи барем уште еден натпревар за да се избори за враќање во елитата, а добро познати имиња се борат за плеј-оф, каде што ке добиеме уште еден член на Ла Лига.
Спортинг Хихон, речиси сигурно ќе оди во плеј-оф, а тука се и Зарагоса, Ваљадолид, Кадиз, Нумансија, Реал Овиедо и Осасуна, па крајот на Сегунга ќе биде многу интересен.