Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Леао несакајќи постигна еврогол, Пандев одигра 40-тина минути против Милан

Екипата на Милан со 3:1 по продолженијата два пати по 15 минути ја совлада Џенова во Купот на Италија. Регуларниот дел заврши 1:1, откако Џенова водеше со голот на Остигард во 17-та минута. Милан успеа да израмни во 71-та преку Жиру, по што се замина на продолженија. Во 102-та минута, прекрасен гол на Леао, кој несакајќи постигна еврогол.

-Сакав да нафрлам, бидејќи имаме играч како Жиру кој е толку добар во воздух. Ако немам простор да шутирам, одам на центаршут и тоа таму го правев. Среќен сум што успеав да постигнам гол и го добивме денешниот натпревар, порача Леао по мечот.

Во 112-та минута Салемакерс само ја потврди победата на Милан од 3:1. Македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев во игра влезе во 87-та минута.

 

Реклама

Facebook

Реклама