Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Леброн дебитираше за Лејкерси со пораз од Денвер

Леброн Џејмс имаше неуспешно деби во дресот на Лос Анџелес Лејкерс, откако неговиот нов клуб загуби од Денвер Нагетс со 124:107.

На подготвителниот дуел одигран во Сан Диего, Леброн забележа девет поени надополнети со по три скока и исто толку асистенции.

Покрој овој натпревар ноќеска се одиграа уште три подготвителни меѓу НБА лигашите:
Сан Антонио – Мајами 104:100,
Бостон Селтикс – Шарлот 115:112 и
Чикаго – Њу Орлеанс 128:116.