Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Леброн падна за да изнуди прекршок од Јокиќ. Казната дојде секунда подоцна

Леброн Џејмс навистина ја немаше својата ноќ. Неговиот ЛА Лејкерс го загуби вториот натпревар од финалето на Истокот на НБА во Денвер со 108:103 и има негатива од 2:0. Џејмс одигра солиден натпревар, но не доволно добар за да ја прекине серијата. Тој постигна 22 поени, но ги промаши сите шест негови тројки. Постигна 10 асистенции, но имаше еден скок помалку за трипл-дабл.

Најлошиот момент на вечерта му се случи во средината на втората четвртина кога само влета во контранапад и наместо да постигне два лесни поени за себе и за тимот, тргна на атрактивно забивање , но ја загуби контролата над топката и уништи се, на задоволство на домашната публика во Денвер.

Сосема друг тип на „врева“ од трибините слушна на почетокот на последната четвртина, кога театрално го потенцираше контактот со Никола Јокиќ за да изнуди фаул во нападот на српскиот центар. Но казната му стигна веќе секунда подоцна кога лизгајќи се на задната страна удри во навивач од првиот ред, а од контактот го поли со пијалок.

За разлика од останатиот дел од салата, кој му замеруваше за „глумењето“, навивачот на кој му се истури пијалокот беше доволно љубезен веднаш да му подаде крпа за да се избрише, за што Леброн учтиво му се заблагодари.

Во тој момент Лејкерси имаа уште два поени предност, но Џејмс ги промаши следните три шута, а Денвер ја презеде контролата врз играта и дојде до водство од 2:0. Серијата сега се сели во Лос Анџелес, каде што третиот и четвртиот натпревар ќе се играат во ноќите од сабота кон недела и понеделник кон вторник.

Advertisement