Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Легендарниот НБА играч доби отказ. Се фалеше со стриптиз во својот дом

Некогашниот НБА кошаркар на Бостон Селтикс Пол Пирс се најде во центарот на вниманието откако на социјалните мрежи емитуваше во живот од неговиот дом сакајќи да се пофали дека во тој момент кај него има стриптиз. Неколку девојки во домот, а и други машки лица, едната го масира, а другата игра само по долен веш.

Но, тоа скапо го чинеше. Имено, Пол Пирс заработи експерен отказ од телевизиската мрежа ЕСПН откако дознаа за видеото. Таму тој работеше подолго време како стручен коментатор за НБА мечевите.