Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Лионел Меси криеше повреда пред дуелот со Наполи?

Лионел Меси не можеше да го проследи предизвикот во Лигата на шампионите на „Сан Паоло“ наспроти Наполи, иако неколку пати се обиде да навлезе во зоната на противникот. Бројот 10 на Барселона  требаше да го предводи неговиот состав до победа, но тој не можеше да го стори тоа, бидејќи „кафезот“ што го изгради Гатузо беше целосно оперативен.

Но, видео кое кружи на социјалните медиуми пред почетокот на натпреварот го прикажува Аргентинецот како го собира лицето од болка што ја чувствувал во делот над левиот бут додека се обидувал да шутира … Лео неколку пати го допирал тој дел од телото со стегање на забите. Скриена повреда или само непријатност додека се загрева?