Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ливерпул е далеку, но Гвардиола и Сити сезонава сепак освоија трофеј

Трката за титулата во Англија е загубена, но сепак Манчестер Сити сезоната освои трофеј. Тимот на Пеп Гвардиола ја совлада Астон Вила во Лига Купот со 2:1 на „Вембли“ и го кренаа пехарот во ова натпреварување.

Сити го реши мечот во првите 30-тина минути,  кога двапати реализираше преку Серхио Агуеро (20) и Родри (30).

На крајот од првиот дел, Мбавана Самата (41) намали на 2:1, но играчите од Бирмингем немаа многу шанси да се вратат целосно во мечот.

Едвај во последните минути, Бјорн Енгелс ја стресе пречката

Ова е петти трофеј за Сити на турнирот во последните 7 години, а уште поимпресивно е постигнувањето на Пеп Гвардиола, кој го освои своето 21-во финале од 25-те во кои ги водел своите тимови.