Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ливерпул ги расплака фановите на Милан, каков меч помеѓу Порто и Атлетико Мадрид

Буквално до последен момент не се знаеше, освен Ливерпул, кој ќе продолжи понатаму од групата Б. Порто, Атлетико Мадрид и Милан речиси имаа исти шанси во последното коло. Сепак, Ливерпул, кој и пред ова беше лидер ги расплака фановите на Милан, кој и на овој меч настапи без неколку стандардни играчи, славејќи со 2:1. Милан поведе со голот на Томори, но следуваа погодоци на Салах и Ориги за пресвет и победа на англискиот тим.

Атлетико Мадрид како гостин славеше против Порто во директната пресметка за второто место со 1:3  и практично го фати последниот воз за осминафиналето. Стрелец на првиот гол беше Гризман во 56-та минута, а Кореа беше прецизен во 90-та, две минути подоцна стрелаше Де Паул. Во 96-та минута Сержо Олиевира погоди од пенал за конечни 1:3. Имаше дури три црвени картони, два за домаќините и еден за гостите.

Ливерпул како лидер со 18 бодови и Атлетико Мадрид со 7 како втор се пласираа во осминафиналето, Порто ќе игра Лига Европа, за Милан европската приказна е готова.

 

МИЛАН – ЛИВЕРПУЛ 1:2

 

ПОРТО – АТЛЕТИКО МАДРИД 1:3