Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ливерпул и покрај големите проблеми конечно со шампионски „шмек“, му го нанесоа првиот пораз на Вест Хем во 2021

Без Фабињо, Жота, Кеита, Мане, Матип, Ван Дајк, со многу проблеми, Ливерпул конечно со шампионски „шмек“. Славеше на гостувањето кај Вест Хем со 3:1. Салах постигна два гола, Вајналдум еден, а на спротивната страна гол постигна Досон.  Со оваа победа Ливерпул го задржа чекорот со Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.  Вест Хем е на четвртото место и ова за нив е прв пораз во 2021 година. Последен пат загубија на гостувањето кај Челзи на 21 декември 2020-та година.