Фудбал
ВИДЕО: Ливерпул се пофали со магијата на Мохамед Салах против Сити, навистина има зошто, ова не смеете да го пропуштите
Ливерпул и Манчестер Сити одиграа 2:2 во супер интересно дерби. Ливерпул имаше шанса да победи, но во 87-та минута Фабињо не погоди од одлична позиција, или поточно речено неговиот удар во последен момент беше изблокиран. Но, она што го направи Мохамед Салах на овој меч при вториот гол за Ливерпул, навистина вреди да се спомне и да се види уште еднаш. Впрочем Ливерпул на својот Јутјуб канал се пофали. Го објави голот, мајсторскиот погодок на Салах, снимен од сите агли.