Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Луд пресврт на Борусија Дортмунд

Ајнтрахт беше поразен од Борусија Дортмунд со 2:3 во 18. коло од германската Бундес лига.

Првата шанса гостите ја имаа во втората минута, но ударот на Меуниер го одбрани Трап.

Во 15. минута шок за гостите. Костиќ асистираше, а Боре погоди за 1:0. Борусија не се опорави од првобитниот шок, а Боре постигна уште еден гол во 24. минута, 2:0.

Шест минути подоцна домашните можеа да го постигнат и третиот гол, но Н’Дик ја погоди стативата. Во судиското продолжение, Хумелс шутира, голманот брани, Мален шутира, но ја погодува стативата, остана 2:0 за домашните.

На отворањето на вториот дел прва шанса за Ајнтрахт. Линдстром отиде на соло продор, шутира, но Кобел брилијантно одбрани.

Борусија постигна гол во 71. минута. Халанд додава за Азар кој намалува на 2:1.

На три минути до крајот на натпреварот Борусија израмни, а Џуд Белингем со глава погоди. И кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Дахуд во 90. минута ги шокираше домашните навивачи и со одличен гол ги донесе сите три бода на својот тим.

Тимот од Дортмунд останува втор со 37 бодови, шест помалку од првопласираниот Баерн, додека Ајнтрахт остана на 27 бодови на 7. место.

Во следното коло Ајнтрахт гостува кај Аугсбург, додека Борусија ќе го пречека Фрајбург.

 

 

Реклама

Facebook

Реклама