Фудбал
ВИДЕО: „Луда“ Аталанта е најефикасна во Италија, ја „наполни“ мрежата на Лече
Верувале или не екипата на Аталанта е најефикасниот тим во Серие А. По денешниот меч против Лече, избраниците на тренерот Гасперини стигнаа до бројката 70 голови во досегашниот тек од сезоната. Втор по бројот на постигнати голови е Лацио, кој постигнал 60.
Попладнево Аталанта ја „наполни“ мрежата на Лече славејќи со 7:2.
Првиот дел заврши 2:2, но во второто полувреме домашниот тим не можеше да ги задржи налетите на противничката екипа па прими уште пет голови, од кои два во последните минути од мечот. Аталанта и оваа сезона игра одлично и се наоѓа на високото четврто место со 48 бодови.
Standings provided by Sofascore LiveScore