Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Лудило пред стадионот на Њукасл, фановите во делириум откако принцот од Саудиска Арабија го купи тимот

И навивачите на Њукасл покажаа како се чувствуваат за купувањето на тимот од страна на принцот од Саудиска Арабија, еден од најбогатите луѓе во светот, Мухамед бин Салман.

Со ова Њукасл практично станува најбогатиот тим на светот, или фудбалска екипа која ќе ги има најбогатите сопственици. Нивното богатство се проценува околу 430 милијарди евра.

Како што вчера беше потврдено, Арапите стануваат сопственици, а се најавува голема инвестиција во нови фудбалери и состав кој веднаш следната сезона би атакувал на шампионската титула во Премиер лигата.