Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Лудница на аеродромот – Наинголан пристигна во Милано!

Наинголан веќе неколку сезони беше еден од главните играчи на Рома и сигурно дека со неговата одлука да замине во Интер изненади многумина. Белгиецот вчера допатува во Милано, а на аеродромот го пречекаа голем број на навивачи на Интер.

Овој фудбалер од средниот ред моментално се наоѓа во хотелот Мелиа, а денеска би требало да ги помине лекарските прегледи и да го потпише договорот со Интер. Наинголан на аеродромот кратко се обрти кон присутните новинари, и откри дека е среќен што пристигна во овој клуб.

„Среќен сум што сум овде, а се надевам дека навивачите ќе видат уште посреќни со мојата игра“, кратко изјави Наинголан.

Рома од овој трансфер би требало да заработи околу 24 милиони евра, а во спротивна насока дојдоа Давиде Сантоне и Николо Заниоло.