Фудбал
ВИДЕО: Лудница во Италија: Се вратија во Серија А по 23 години, па го „запалија“ градот
Салернитана се врати во Серија А по пауза од 22 години.
Салернитана се враќа во елитата по 22 години, а интересно ќе биде да се види какви чекори ќе преземе Клаудио Лотито, бидејќи според правилата две екипи со ист сопственик не смеат да играат во иста лига.
Со денешната победа над Пескара (3-0) во последното коло од Серија Б, фудбалерите на Салернитана го потврдија второто место на табелата, а со тоа и пласманот во италијанската фудбалска елита заедно со првопласираниот Емполи.