Други спортови
ВИДЕО: Луис Хамилтон удри во ѕид на вториот тренинг, па се извини на механичарите на Мерцедес
Воведниот дел од сезоната во Формула 1 не ни понуди возбуда која ја очекувавме, а за тоа најмногу се „виновни“ во Мерцедес кои доминираат од самиот почеток.
Возачите на Мерцедес славеа на сите досегашни трки, па ова сезона прашање е кој ќе биде првак на крајот, Луис Хамилтон или неговиот колега Валтери Ботас.
Овој викенд на програмата е трката за големата награда на Канда, а синоќа беше одржан вториот тренинг. Во центарот на вниманието се најде Луис Хамилтон кој направи грешка и се удри во ѕид.
Лидерот во вкупниот поредок направи грешка во деветтата кривина кога возеше нешто помалце од 200 километри на час и со десната страна на болидот удри во ѕидот поради што му пукна гумата.
It's pretty rare to see Lewis Hamilton make a mistake like this…
…especially at a track where he's won SIX times ?#CanadianGP ?? #F1 pic.twitter.com/kgefZbtC0Y
— Formula 1 (@F1) June 7, 2019
Откако во боксот на Мерцедес го прегледаа болидот заклучиа дека тој е доста оштетен. Хамилтон се извини затоа што беше свесен дека тоа беше исклучиво негова грешка. Но, за среќа поголеми последици нема.
Мерцедес доминираше на вториот тренинг се до оваа грешка, па потоа приматот го презеде Ферари кој заврши на водечката позиција. Се надеваме дека тоа е најава дека италијанската екипа конечно ке се врати и ке започне борба со Мерцедес.