Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Луис Суарез игра во животна форма, што ли ќе каже Роналд Куман?!

Атлетико Мадрид ја совлада Валенсија со 3:1 и остана на чело на табелата во Ла Лига, со 47 бодови, седум повеќе од второпласираниот Реал Мадрид и дури 10 од третопласираната Барселона. Атлетико Мадрид досега го има вториот најефикасен напад зад Барселона, а секако голема заслуги за ова има Луис Суарез кој на 15 мечеви постигна 12 голови и во моментов е на чело на листата на најдобри стрелци.

Сигурно дека на тренерот на Барселона, Роналд Куман не му е сеедно, особено ако се знае колку само лесно се откажа од фудбалерот кој и тоа како сакаше да остане во каталонскиот тим.