Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Лукаку е „машина“ во 94-та минута претрча цел терен и постигна гол, голот на Барела во конкуренција за најдобар

За петнаесетина минути во второто полувреме Интер успеа да го „скрши“ Каљари и да стигне до планираните три бода. Домаќините поведоа во финишот на првиот дел преку Сотил, иако гостите од Милано доминираа. Веднаш на стартот на вториот дел Антонио Конте направи неколку измени, но сепак за израмнување се чекаше до 77-та минута, кога по корнерот и одбиената топка од домашниот голман Николо Барела постигна фантастичен погодок кој сигурно ќе конкурира за најдобар на колото.

Во 83-тата минута Хакими се пожали на повреда, бараше измена, на негово место влезе Дамброзио и веднаш во следниот напад, односно една минута подоцна постигна гол со глава по нафрлувањето на Барсела за целосен пресврт.

Најубавиот момент секако се случи во 94-тата минута. Целиот тим на Каљари беше во напад по корнерот, вклучувајќи го и голманот, но Интер преку Мартинез и Лукаку изведе брз контра напад, а Белгиецот стави точка на мечот откако претрча повеќе цел терен, а потоа го надмудри и голманот и ја смести топката во празната мрежа. За Лукаку ова беше деветти гол сезонава во Серие А, еден помалку од Ибрахимовиќ.

Со оваа победа Интер се врати на второто место на табелата со 24 бодови, два помалку, но и натпревар повеќе од лидерот Милан, кој вечерва на домашен терен ја пречекува Парма.

Каљари остана на 12-то место со 12 бодови.