Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Лукаку како мало дете, откако го искараа сега се извинува: Навивам од мал за Челзи!

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку (28) им се извини на навивачите на Челзи откако изјави дека е несреќен во Лондон и дека би сакал да се врати во Интер. Како што истакна, не сакал да ги разочара навивачите на лондонскиот тим, а пораката била испратена до симпатизерите на „Нероаѕурите“.

Лукаку пред неколку дена даде интервју за Скај Спорт во кое истакна дека жали што го напуштил Интер и дошол во Челзи. Тој го даде интервјуто без договор со клубот или неговите претставници, што особено ги налути челниците на Челзи, а тренерот Томас Тухел го исфрли од тимот пред дербито со Ливерпул (2:2).

Сепак, по разговорот со германски стручњак, проблемот е решен, а Белгиецот испрати порака до навивачите преку официјалните социјални мрежи на Челзи.

-Ги разбирам навивачите. Мислам дека морав да бидам појасен во мојата порака. Интервјуто беше порака до навивачите на Интер, не сакав да ги разочарам навивачите на Челзи. Сакав да се вратам во Челзи и знам колку раководството вложи труд да ме врати минатото лето. Очекуваат да дадам 100 проценти за овој клуб. Клуб како Челзи е синоним за успех овде. Сите овие вредности ми се познати одамна, дојдов овде да освојувам титули. Сакам да се докажувам секој ден на тренинзите и мечеците“, изјави Лукаку и додаде:

-Извинете за малтретирањето што го предизвикав. Навивам за Челзи од мал. Разбирам зошто сте лути, но сега ќе продолжам да се докажувам секој ден. Му се извинувам на тренерот за се, тоа не беше вистинско време за вакви зборови. Сега само сакам да играм, изјави Лукаку, кој ќе биде вечерва во составот против Тотенхем.