Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Магија на Нејмар и рутинската завршница на Мбапе!

ПСЖ и Јувентус во моментов играат дерби во првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

Паркот на Принцовите вечерва е исполнет до крај и јасно е дека ни претстои вистински спектакл.

Фудбалерите на ПСЖ тоа го покажаа на самиот старт од натпреварот кога поведоа.

Само пет минути им беа доволни на парижаните да го скршат отпорот на Старата дама и да поведат со 1:0.

Нејмар му пружи фантастична асистенција за Килијан Мбапе, кој лесно ја затресе мрежата на Јувентус за водство на ПСЖ и големо славје на трибините.