Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Магија на Суарез, Атлетико Мадрид на +10 и натпревар помалку од Реал Мадрид

Вистински потег направи Диего Симеоне кога го зема Луис Суарез, откако Роналд Куман порача дека не е потребен на Барселона. Уругваецот во моментов е прв стрелец во Ла Лига со 14 погодоци, а на дуелот со Кадиз во победата постигна два гола. Особено беше прекрасен првиот во 28-ма минута од слободен удар. Во 35-та израмни Негредо.

Пред крајот на првиот дел Саул постигна гол за 2:1, а во 50-тата Суарез од пенал зголеми на 3:1. Тука беше јасно кој ќе биде победникот, но прашањето беше со каков резултат ќе заврши овој дуел. Негредо со својот втор гол во 71-та намали на 3:2, ја врати за момент неизвесноста, но точка на мечот стави Коке во 88-ма минута.

Атлетико Мадрид е лидер со 50 бодови, десет повеќе од Реал Мадрид, но и натпревар помалку. „Јорганџиите“ имаат дури 13 бодови предност во однос на Барселона која е на четвртото место.