Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Маикон слета во Рим, се уште не се откажува, 39 годишниот дефанзивец има нов клуб

Даглас Маикон, еден од најдобрите дефанзивци пред неколку години, кој со Интер во 2010-та ја освои „Триплета“ не се откажува. Тој попладнево слетал на аеродромот во Рим, а како што пишува „Кориере дело Спорт“, 39-годишниот десен бек има нов клуб. Станува збор за екипата на Сона, која се натпреварува во Серие Д, односно четвртата по ранг лига во Италија.

Маикон допатува со неговиот син кој ќе се приклучи на јуниорскиот тим на Сона.

-Среќен сум што се вратив во Италија со мојот син. Подготвен сум за оваа авантура, рече кусо Маикон.