Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Мајсторија на Луис Суарез во Уругвајскиот дрес

Уругвајскиот тим се подготвува за Копа Америка, а синоќа одигра пријателски натпревар против селекцијата на Панама.

Уругвај славеше убедлива победа со 3:0, а во второто полувреме заигра и Луис Суарез.

Веќе извесно време се веруваше дека Суарез ќе го пропушти континенталното првенство во Јужна Америка поради операцијата што требаше да ја направи пред крајот на сезоната.

Сепак, Суарез е на листата на репрезентативци на Уругвај и јасно е дека ќе биде подготвен за Копа Америка. Јужноамериканското првенство започнува на 14. јуни.

Суарез влезе во игра во 63. минута, а шест минути подоцна изведен слободен удар и погоди за 2:0.

Треба да се додаде дека Уругвај го доведе во водство Гомез во 19. минута од натпреварот, додека третиот гол за конечните 3:0 го постигна Валверде во 79. минута.