Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Малдини се јави со добри вести: За седум дена ќе се ослободиме од овој вирус

Техничкиот директор и легенда на Милан, Паоло Малдини, посочува дека ќе закрепне во наредните седум дена.

Пред неколку дена, Малдини беше позитивен на коронавирус, исто како и неговиот син Даниеле, кој игра во првиот тим на Милан.

Сега Малдини се огласи со видео-порака од самоизолација, им се заблагодари на сите и најави брзо закрепнување.

„Со ова видео, сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои испратија пораки со љубов и грижа за мене и мојот син преку социјалните медиуми. Ние сме добри, треба да можеме да се ослободиме од овој вирус во рок од седум дена“, рече Малдини, додавајќи:

„Би сакал да им се заблагодарам на сите лекари, медицински сестри, здравствени работници и на органите на редот, кои се соочуваат со оваа опасност со досега невиден професионализам и голема храброст. Не прават да бидеме горди што сме Италијани. Благодарам уште еднаш“, рече Малдини.