Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Манчестер Јунајтед постави рекорд, а Кристијано Роналдо бесен

Манчестер јунајтед синоќа го победи Брентфорд во одложениот натпревар од 17. коло на шампионатот на Англија со 3:1. Натпреварот се одигра во Лондон на стадионот „Брентфорд Комјунити“.

Манчестер Јунајтед стана првиот клуб од Премиер лигата кој остварил 300 победи на гостински терен.

Според оваа статистичка категорија на второто место е Челзи со 259 победи на гости, додека Арсенал е трет со 246.

Во топ 5 се уште и Ливерпул со 239 и Манчестер сити со 188 гостински победи.

Но, Кристијано Роналдо беше крајно лут поради фактот што Ралф Рангник го замени на натпреварот против Брентфорд.

Португалецот ја напушти играта во 71. минута, а германскиот стручњак наместо него го внесе Хари Мегваер.

Тоа не му се допадна на Роналдо. Тој е крајно разочаран од оваа одлука и јасно стави до знаење.

„Зошто ме извади?“, се запраша Роналдо на клупата на „црвените ѓаволи“.


По неговата реакција, му пришол менаџерот Рангник. Му кажа нешто и Кристијано малку се смири.