Фудбал
ВИДЕО: Мане тргна кон голот на Јунајтед, судијата свиреше крај, дали Ливерпул е оштетен?
Првиот дел на големото дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед заврши 0:0, без поголеми шанси и без големи возбудувања. Сепак, при самиот истек на првиот дел, Ливерпул тргна во напад. Тиаго Алкантара одлично центрираше до Мане, кој беше побрз од одбраната, тргна кон противничкиот гол, но тогаш судијата отсвири крај. Обично судиите чекаат да завршат ваквите акции, а дали погреши во оваа ситуација проценете сами.