Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Марадона замина, но „Божјата рака“ и „Голот на векот“ се бесмртни

Попладнево аргентинските медиуми го шокираа светот. На 60 годишна возраст, замина еден од најголемите фудбалери на сите времиња. За многумина најдобар. Диего Армандо Марадона почина. Нема потреба да се зборува кој и што постигнал тој. Но, сепак две работи ќе останат бесмртни. „Божјата рака“ или голот со рака кој го постигна на СП во Мексико 1986-та година против Англија, а победата од 2:1 на Аргентина го одбележа токму тој гол.

Но, вториот гол на Марадона на тој меч за 2:0 беше вистинско ремек дело. Од средината на теренот, предрибла речиси цела одбрана, па и голманот и постигна гол. Овие два погодоци на легендарниот Аргентинец го одбележаа векот. Во анкета на ФИФА во 2002 година токму овој втор гол на Марадона беше избран за „Гол на векот“.

Таа година, на тоа светско првенство, Аргентина стана светски првак, благодарејќи токму на овој човек.

Марадона замина, но остави големо фудбалско наследство. Неговите дела ќе бидат вечни.