Тајмаут
ВИДЕО: „Ме расплака видеото со фудбалерите, Пандев и татко ми имаа посебна врска“
Доцна синоќа ги видов снимките со нашите фудбалери кои се забавуваат со песна од татко ми. Со две мали деца сум, обврски околу нив, изгледа јас последна го видов видеото кое ме трогна до срж и започнав да плачам- за ,,Фокус” раскажува Харита Арнаудова, ќерка на легендарниот фолк музичар Гоце Арнаудов.
Неговата песна ,,Ќе пијам, ќе лумпувам” вчера одекнуваше на голем звучник во хотелот во Букурешт, каде е сместена нашата фудбалска репрезентација, а снимката со расположените фудбалери за кратко време стана хит.